2026 година доаѓа во сенка на глобални турбуленции – воени конфликти, геополитички тензии и реструктурирање на синџирите на снабдување. Финансиските пазари веќе не се предвидливи; волатилноста е новата норма, а ризикот – неизбежен.
Економистот и инвестициски експерт Иван Ивановски, CEO на Prime Class и ко-основач на Prime Capital by Adora, предупредува: ова е година на стратегија, а не на импулсивни потези.

„Светот влегува во период каде што пазарните движења се диктирани од геополитика, војни и глобални синџири. За инвеститорите, управувањето со ризикот е поважно од кога било. Волатилноста не е закана – тоа е можност за оние што размислуваат долгорочно и дејствуваат врз основа на знаење, а не емоции“, вели Ивановски.
AI како новата реалност
Додека минатата година се зборуваше за „AI балонот“, Ивановски истакнува дека 2026 е година кога вештачката интелигенција станува реална сила во економијата.
„AI веќе не е концепт, тоа е алатка што носи вистинска вредност – оптимизира бизнис-процеси, намалува трошоци и создава стратешка предност за оние кои знаат како да ја користат. Компаниите што ќе ја интегрираат AI денес, утре ќе ја водат индустријата“, додава тој.
Фокус на стабилни и долгорочни инвестиции
Ивановски го повикува публиката да ги гледа „силните столбови“ на економијата: технологија, енергетика и медицински иновации. „Тоа се сектори кои можат да создаваат вредност дури и кога пазарот е во притисок“, нагласува тој.
„2026 ќе биде тест за зрелоста на инвеститорите: дали ќе реагирате на шокови со паника, или ќе градите портфолио врз основа на знаење и анализа?“
Prime Class конференција – инспирација и знаење
Во Скопје се одржа годишната конференција „Инвестирањето во 2026“, на која присуствуваа млади инвеститори, професионалци и членови на Prime Class заедницата. Ивановски ги повика сите на свесно и одговорно инвестирање:
„Инвестирањето не е брза одлука и не е игра на среќа. Тоа е процес што бара знаење, структура, дисциплина и трпение. Ако не ги разбирате циклусите и бизнисите, тогаш не инвестирате – шпекулирате“, порача тој.

Настанот ја покажа моќта на заедницата: наградени беа студенти со најголем раст на портфолио и најактивните членови на Discord, кои со совети и анализа создаваат култура на учење од грешките и прославување на заедничките успеси.
Кулминацијата беше keynote-презентацијата „Топ 5 компании за 2026“, каде Ивановски ги покажа глобалните трендови што ќе го обликуваат пазарот, но и начините како инвеститорите да ги препознаат компаниите со вистински долгорочен потенцијал.
„Нашата цел не е да ви дадеме листа што да купите, туку да ви покажеме како да размислувате. Кога ќе ги читате трендовите и ќе ги разбирате бизнисите зад бројките, сте чекор поблиску до стабилно и зрело инвестирање“, заклучи Ивановски.
Со оваа конференција, Prime Class уште еднаш ја потврди својата мисија: да ја зголеми финансиската писменост и да создаде одговорна, долгорочно ориентирана инвеститорска култура во Македонија.




Comments are closed.