Иницијативата за зголемување на минималната плата на 600 евра не доби зелено светло во собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетика. Предлог-законот, поднесен од опозицијата и коалициските партнери, не обезбеди доволно поддршка за да продолжи во следната фаза од законодавната процедура.

Опозицијата апелираше расправата да се води околу реалниот животен стандард, а не околу политичките позиции. Но, мнозинството не даде поддршка предлогот да оди во второ читање.
„За покривање на кошничката се потребни 2,76 минимални плати“
На едно семејство му се потребни речиси три минимални плати за основни трошоци.
– Ако двајца членови во семејството земаат минимална плата, им недостигаат над 18.000 денари месечно.
Минималната плата не е каприц, туку граница на достоинството.
Се најавуваат и проблеми со ликвидноста на фирмите, доцнењето на повратот на ДДВ и сивата економија, а зголемувањето на платите мора да оди паралелно со системски економски мерки.
Поддршка со услов: Државата да го покрие товарот
Државата треба да ја преземе разликата во придонесите за зголемениот износ, со цел да не се оптоварат дополнително компаниите.
Според пресметките изнесени на седницата, придонесите и персоналниот данок би се зголемиле за околу 6.000 денари по работник.
Инфлацијата ја јаде платата
Инфлацијата најсилно ги погодува најранливите категории граѓани, особено со растот на цените на храната, и дека континуираното зголемување на минималната плата е суштинска социјална политика.
Со ова гласање, иницијативата за минимална плата од 600 евра засега е стопирана, а прашањето за достоинствена заработувачка повторно останува отворено.









Comments are closed.