Press "Enter" to skip to content

Сестро“ – Александра Јанева со моќна порака најавува албум за женската солидарност

Со новата песна „Сестро“, Александра Јанева не претставува само уште еден музички проект – таа отвора искрена и длабоко лична приказна за женската поддршка, солидарност и пријателство. Песната е насловна и носечка тема на нејзиниот претстоен албум, кој во текот на 2026 година ќе ја слави силата на жените и врските што ги одржуваат.

„Сестро“ е посвета на секоја жена што подала рака во момент кога било најпотребно, на секоја пријателка што помогнала некоја друга жена да застане исправено и да ја препознае сопствената вредност. Токму оваа искреност ја прави песната емотивна, блиска и моќна.
Музиката, аранжманот и целокупната продукција се дело на Лазар Цветкоски, чиј препознатлив музички печат совршено ја надополнува пораката, додека сензибилниот и искрен текст е напишан од Луна, со зборови што лесно се препознаваат и доживуваат.

„Сестра е секоја жена што ти подала рака кога светот бил премногу бучен. Секоја пријателка што ти помогнала да ја откриеш сопствената сила. 2026 година ќе биде година на ‘Сестро’ – со многу нова музика што ја слави поддршката меѓу жените“, вели Александра Јанева.

Видеоспотот за „Сестро“ е визуелна приказна за женската енергија и поврзаност. За режијата и монтажата е задолжен Огнен Шапковски (Melem Production), додека Кристијан Теодоров, како директор на фотографија, создава топли и емоционални кадри. Динамиката и силата се заокружени со впечатлива кореографија на Dance Team Fusion, која преку движење ја пренесува пораката на заедништво.

Албумот „Сестро“ од Александра Јанева ќе се објавува етапно во текот на 2026 година, а секоја песна ќе носи дел од истата мисија – да потсети дека женската солидарност не е тренд, туку сила.


Повеќе во категорија ЖивотПовеќе постови во категорија Живот »
Повеќе во категорија КултураПовеќе постови во категорија Култура »
Повеќе во категорија ШоубизнисПовеќе постови во категорија Шоубизнис »

Comments are closed.