Обид за убиство на Аца Лукас: Драма на патот кај Јахорина што го шокира Балканот.

Балканската музичка ѕвезда Аца Лукас преживеа вистинска драма што можела да заврши фатално! По настапот во хотелот „Вучко“ на Јахорина, Лукас и неговиот возач тргнале кон Белград, без да насетуваат дека ги следи опасност.
Заседа на магистралата!
Во близина на Соколац, непознато возило почнало упорно да ги следи. Набргу станало јасно дека не станува збор за случајност – „Пасатот“ повеќепати намерно удирал во нивниот „Ренџ Ровер“, обидувајќи се да ги исфрли од коловозот и да ги турне во провалија. Паника, шок и борба за живот во неколку секунди!
ОФИЦИЈАЛНО: УАПСЕН ОСОМНИЧЕНИОТ!
Полицијата во Источно Сараево го уапси Небојша Митровиќ од Пале, осомничен за предизвикување општа опасност и оштетување и одземање туѓа сопственост. Според полицијата, тој управувал со службен „Пасат“ на приватна фирма и повеќепати удирал во возилото во кое се наоѓале Аца Лукас и неговиот возач, создавајќи чувство на сериозна загрозеност.
Благодарение на присебноста и брзата реакција, Лукас и возачот успеале да го избегнат најлошото и да се извлечат од оваа смртоносна ситуација. Истрагата е во тек, а осомничениот ќе биде предаден на обвинителството.
Останете со нас за сите нови детали од случајот што ја крена естрадата на нозе!
Comments are closed.