
Агнеса Орданоска конечно ги крши сите стереотипи и во ова моќно, интимно соочување открива дека нејзиниот сјаен живот не е плод на среќа, туку на суровата лекција дека никој нема да дојде да ѝ го олесни патот — момент кој ја претворил во жена која сама го „турка тркалото“ и престанува да чека дозвола за да успее. Таа директно удира по предрасудите дека сè кај неа е чист гламур, потсетувајќи ја јавноста на сите непреспиени ноќи, тешки одлуки и внатрешни битки кои камерите никогаш не ги регистрираат, додека истовремено признава дека колку повисоко се искачува, толку погласен станува притисокот и одговорноста да остане стабилна под лупата на илјадници очи. За првпат, таа ни ја претставува својата „тивка страна“ — емотивната, ранлива и длабока Агнеса која се повлекува во тишина за да собере сила, порачувајќи дека токму таа човечка кршливост, а не енергичната маска, е нејзиниот најголем извор на автентична моќ што инспирира.
1. Кој момент во твојот живот најмногу те промени – и зошто токму тој?
Моментот кога сфатив дека никој нема да дојде да ми го направи патот полесен. Дека ако сакам нешто да се случи – јас сум таа што треба да го оттурне тркалото. Тој момент ме направи похрабра, поодговорна и многу појасна со себе. Престанав да чекам и почнав да создадам.
2. Што е она што луѓето најчесто погрешно го претпоставуваат за Агнеса, а е далеку од вистината?
Дека сè ми доаѓа лесно и дека сè е гламур. Луѓето ја гледаат светлата страна, но не ги гледаат непреспиените ноќи, одлуките што тежат и борбите што не се за камера. Ништо кај мене не е случајно – сè е резултат на работа, падови и повторно станување.
3. Дали успехот ти донесе повеќе слобода или повеќе притисок?
И двете, но притисокот е погласен. Успехот ти дава избор, но ти носи и одговорност – кон себе, кон луѓето што те следат и кон тоа што го претставуваш. Сфатив дека колку повисоко одиш, толку повеќе мораш да бидеш стабилен одвнатре.
4. Која страна од себе ретко ја покажуваш јавно, а сакаш јавноста да ја запознае?
Мојата тивка страна. Страната што размислува многу, што чувствува длабоко и што често се повлекува за да собере сила. Луѓето ме гледаат како енергична и силна, но зад тоа стои една многу емотивна, внимателна и ранлива личност – и токму таа страна ме прави тоа што сум.

Агнеса Орданоска










Comments are closed.