Press "Enter" to skip to content

ФЗОМ ПРЕСЕЧЕ: ЕВЕ ШТО ТОЧНО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО БОЛЕДУВАЊАТА!

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) ги изгласа новите измени во правилникот за боледувања, смирувајќи ја јавноста дека правото на отсуство од работа поради болест нема да се скратува. По лавината реакции за најавените домашни контроли, од Фондот уверуваат дека целта на новите мерки е олеснување на процедурите и намалување на бирократијата за пациентите и матичните лекари.

Матичните лекари и понатаму ќе имаат надлежност да отвораат боледување до 15 дена. Од ФЗОМ појаснуваат дека намалувањето на рокот од седум на пет дена не значи прекин на боледувањето, туку период по кој почнуваат да се применуваат специфични медицински критериуми доколку состојбата налага продолжување. Најголемата новина е што по 15-тиот ден, лекарите електронски ќе ги испраќаат предлозите до комисијата, со што конечно се укинува досегашната хартиена процедура.

Што се однесува до главните олеснувања за пациентите, за одредени дијагнози повеќе нема да се бараат задолжителни лабораториски тестови, туку матичниот лекар самиот ќе ја прави проценката. Хроничните пациенти ќе можат да ги користат веќе постоечките дијагностички наоди доколку се во рок, за да не се малтретираат со повторни испитувања. За тешко болните и неподвижните лица, боледувањето во одредени случаи ќе се регулира и без нивно физичко присуство во ординација. Олеснета е и постапката за трудници и доилки во врска со радиодијагностичките испитувања, додека за најтешките болести се укинува обврската за конзилијарно мислење за боледувања кои траат над 60 дена.

Од Фондот посочуваат дека овие промени се резултат на детални анализи на старите критериуми, од кои дел биле заглавени во времето и непроменети уште од 2012 година. Инаку, новиот правилник доаѓа откако јавноста, синдикатите и лекарите бурно реагираа на најавите на директорот на ФЗОМ, Златко Перински, за воведување строги контроли. Дека контролите сепак се неопходни за спречување на лажните боледувања покажа и неодамнешната ревизија во МВР, каде при проверка на 80 вработени беа откриени 100 неправилно издадени боледувања кај 29 лица, што резултираше со казни од 1,2 милиони денари за здравствените установи.

Повеќе во категорија ЖивотПовеќе постови во категорија Живот »

Comments are closed.