Давос, Швајцарија – додека светските лидери, бизнисмени и политички фигури од целиот свет се собираа на Светскиот економски форум, едно панелско дискусија привлече посебно внимание: „Геополитика и моќ: Жени на чело на глобалното влијание“.

Модератор на овој престижен настан беше Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународниот Славјански Универзитет и основач на Киноверзум, која со сигурност и експертиза го водеше разговорот со панелисти од светска класа. На панелот говореа Хенк Роџерс, ко-основач на компанијата Тетрис и основач на Blue Planet Alliance, и генералниот секретар на Интерпарламентарната Унија, Мартин Чунгонг, како и Арти Гупта, главна инвестициска директорка на ДМ Гупта од Индија.
Панелот се фокусираше на улогата на жените во глобалната политика, технологијата и донесувањето одлуки, при што Михаела Ѓорчева водеше стратешки дијалог за трансформацијата на моќта, одговорното лидерство и застапеноста на жените на раководни позиции.

Мартин Чунгонг истакна дека жените во парламентите и демократските институции играат клучна улога во одржување на глобалната стабилност и меѓународната соработка, додека Хенк Роџерс зборуваше за активностите на својата организација и важноста на женското лидерство во меѓународните организации. Арти Гупта додаде осврт од перспектива на финансии и инвестиции, истакнувајќи ја важноста на инклузивното женско лидерство.
Настанот беше организиран од Women Inspiring Network, организација која работи на едукација и поттикнување на жените во бизнисот, со поддршка на Меѓународниот Славјански Универзитет, и привлече значајно внимание од меѓународната публика во Давос.

Покрај модерирањето на овој панел, Михаела настапи и како панелист на тема „Иднината на капиталот: Финансирање на инклузивни иновации“, заедно со панелисти од САД и Индија, а активно учествуваше и на уште петнаесетина други настани.
Ѓорчева, која е студент на докторски студии на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, редовно учествува на панел дискусии во Њујорк, Кан, Давос и Индија, и со своето искуство ја позиционира Македонија на глобалната сцена на лидерство, иновации и финансиска инклузивност.

Со својот интелект, енергија и експертиза, Михаела Ѓорчева уште еднаш го потврди своето место меѓу младите лидери кои го обликуваат глобалниот дискурс, со посебен фокус на женското лидерство, иновации и одржливост.










Comments are closed.