Press "Enter" to skip to content

Македонија „банка на човечки мозоци“ – што навистина стои зад наводите?

Во најновата серија јавно објавени документи од досието на починатиот Џефри Епстин, кои ги објави американското Министерство за правда, се појави и кореспонденција во која се споменува Македонија. Станува збор за е-пошта примена на 5 февруари 2019 година од страна на Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин Партнерс“, која е дел од истражување на Bloomberg Businessweek.

Иако документот нема никаква поврзаност со сексуалните злосторства на Џефри Епстин, неговото вклучување во архивата повторно ја актуелизираше темата за долгогодишна научна соработка меѓу Македонија и Универзитетот Колумбија во САД, во рамки на која мозочно ткиво од починати лица било испраќано во странство за медицински истражувања.

Синтија Кунс – – Роберт Лангрет

Истражување за самоубиства и депресија

Новинарската анализа на Bloomberg Businessweek, потпишана од Синтија Кунс и Роберт Лагрет, носи наслов „Лек стар 50 години кој би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“ и се фокусира на истражувања поврзани со кетаминот. Во текстот се наведува дека американски научници, поврзани со Универзитетот Колумбија, формирале банка од околу 1.000 човечки мозоци, користени за истражување на депресија, шизофренија и самоубиства.

Македонија е наведена како една од земјите што обезбедувале примероци. Според објавените податоци, мозоците биле отстранувани по смрт, веднаш замрзнувани и транспортирани на комерцијални летови во САД и Канада, каде биле архивирани и користени за научни цели.

Според текстот, мозоците биле отстранувани по смртта, веднаш замрзнувани и транспортирани со авион во САД, каде биле архивирани, означени со QR-кодови и складирани на –80°C.

Што точно пишува во мејловите

Во еден од цитираните мејлови се наведува:

„Малата балканска земја Македонија ги обезбедува најновите мозоци… Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат околу 7.500 километри до САД…“

Овој пасус, кој кружи на социјалните мрежи, често се вади од контекст, што доведува до шпекулации и теории на заговор.


Научна соработка, не тајна операција

На веб-страницата на Американската национална библиотека за медицина е објавен документ од Македонската академија за науки и уметности (МАНУ) од јули 2014 година, насловен:

„Збирка за психијатриски мозоци во Македонија: Општи лекции за научна соработка меѓу земјите со различно богатство“

Автори се:

  • Горазд Росоклија (професор на Универзитетот Колумбија, по потекло од Македонија)
  • Алексеј Дума, поранешен директор на Институтот за судска медицина во Скопје
  • Ендру Џеј Дворк, Универзитет Колумбија

Документот детално ја опишува научната соработка меѓу Универзитетот Колумбија и Институтот за судска медицина во Скопје, започната во 1996 година, со цел проучување на шизофренија, депресија и самоубиства преку невропатолошки анализи.
Горазд Росоклија член е на Македонската асоцијација на невролозите и психијатрите од 1980 година, на Европското невролошко друштво од 1986 година, на Американската академија за неврологија од 1993 година, на Американската асоцијација на невропатолозите од 1996 година и на многу други асоцијации и истражувачки центри. Во јуни 2007 година Росоклија е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.
Според авторите, годишно биле собирани меѓу 25 и 75 мозоци, со просечен пост-мортем интервал од 13 часа. Примероците биле користени во вкупно 39 финансирани истражувачки проекти во САД, Канада и Македонија.

Во декември 2015 година, Росоклија беше именуван за претседател на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование во Македонија.


Етика, обуки и меѓународни стандарди

Во рамки на проектот:

  • македонски лекари и психијатри добиле обуки во САД
  • биле воведени меѓународни етички протоколи
  • Македонија добила нова лабораториска опрема и научен углед
  • биле објавени десетици научни трудови

Документот отворено зборува и за ризикот од „научен колонијализам“, но наведува дека соработката со текот на времето станала транспарентна и взаемно корисна.

Процедури, дозволи и етички прашања

Во научната статија се наведува дека изнесувањето на ткивото од Македонија било административно покомплексно отколку неговото внесување во САД и дека, иако примероците биле транспортирани како чекиран багаж, биле потребни дозволи од Министерството за здравство и ангажирање експедитор.

Авторите посочуваат и дека со текот на времето биле воспоставени етички протоколи, а етичките комисии на Медицинскиот факултет и МАНУ биле регистрирани кај Канцеларијата за заштита на човечки истражувања во САД.

Процедури, дозволи и етички прашања

Во научната статија се наведува дека изнесувањето на ткивото од Македонија било административно покомплексно отколку неговото внесување во САД и дека, иако примероците биле транспортирани како чекиран багаж, биле потребни дозволи од Министерството за здравство и ангажирање експедитор.

Авторите посочуваат и дека со текот на времето биле воспоставени етички протоколи, а етичките комисии на Медицинскиот факултет и МАНУ биле регистрирани кај Канцеларијата за заштита на човечки истражувања во САД.

Сведоштва и несогласувања

Професорот Горазд Росоклија во изјава за „Телма“ наведе дека сите активности биле целосно легални и етички, дека за секое ткиво постоела писмена согласност од семејствата, и дека проектот бил исклучиво научен, без финансиски злоупотреби.

Од друга страна, поранешната новинарка Менче Точи изјави дека со години ја истражувала темата, но дека се откажала од објавување поради, како што тврди, притисоци од носителот на проектот. Таа наведе дека проектот и порано бил претставуван во јавноста во позитивен контекст, без критичка анализа.

Институции и транспарентност

Во проектот, според јавно достапните документи, биле вклучени и психијатриските болници во Бардовци, Демир Хисар и Негорци, како и Медицинскиот факултет во Скопје, иако нивната конкретна улога не е детално објаснета во годишните извештаи.

Отворени прашања

Иако проектот е документиран во научната литература, неговата повторна актуелизација отвори прашања за јавната информираност, институционалната транспарентност и довербата во здравствениот систем.

Случајот покажува дека дури и кога станува збор за научна соработка со меѓународен углед, начинот на комуникација со јавноста е подеднакво важен како и научниот резултат.



Повеќе во категорија ЖивотПовеќе постови во категорија Живот »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *