Press "Enter" to skip to content

НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 3%

Директорот на ПИОМ, Никола Мемов, потврди дека септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%. Ова покачување ќе се реализира процентно, согласно законот, а не линеарно како што бараа некои пензионери. Тоа значи дека крајниот износ на зголемувањето ќе зависи од моменталната висина на пензијата, на пример, за пензија од 20.000 денари, покачувањето ќе изнесува 600 денари.Фондот веќе ги подготвува пресметките за исплатата која следува следниот месец. Ова законско усогласување доаѓа откако во изминатите две години пензиите беа зголемени линеарно четири пати, за вкупно 7.000 денари. Уставниот суд претходно поведе постапка за оценување на овие линеарни зголемувања, но истата беше прекината во март 2026 година поради недостиг на мнозинство за донесување одлука.

Повеќе во категорија ЕкономијаПовеќе постови во категорија Економија »

Comments are closed.