Press "Enter" to skip to content

ОСТАР ПАД НА БЕРЗИТЕ: ЦЕНАТА НА НАФТАТА СЕ СПУШТИ ПОД 100 ДОЛАРИ

По септемврискиот раст, цените на суровата нафта бележат остар пад. Овој надолен тренд следува по анализите на „JP Morgan“, „Goldman Sachs“ и „Kpler“, кои покажуваат дека извозот на нафта од Персискиот Залив речиси се вратил на предвоеното ниво. Така, нафтата „Брент“ падна од над 103 на 97,36 долари за барел, додека американската „WTI“ се спушти под 90 долари, достигнувајќи цена од 89,57 долари.

Според податоците на овие финансиски институции, извозот преку клучниот Ормуски Теснец се движи меѓу 80 и 98 отсто од нивото пред војната, при што вкупниот дневен проток од Блискиот Исток изнесува околу 23,3 милиони барели. Експертите објаснуваат дека падот на иранскиот извоз е целосно компензиран од другите производители во заливот. Особено се истакнува Саудиска Арабија, која во септември годинава го дуплирала извозот во споредба со истиот месец лани.

Интересно е што берзите воопшто не реагираа на извештаите од специјализираните поморски медиуми за нови ирански напади врз танкери во Ормускиот Теснец. Сепак, иако снабдувањето е стабилизирано преку алтернативни рути и претовар на отворено море, регионот сè уште важи за небезбеден, фактор кој и понатаму ги одржува високите транспортни трошоци.

Comments are closed.