Капитенот на швајцарската фудбалска репрезентација, Гранит Џака, се најде во центарот на голем скандал откако обвинителството му изрече условна казна од вртоглави 150.000 швајцарски франци поради поседување лажен ковид-сертификат!
Искусниот фудбалер јавно ја прифати одлуката на судот и призна дека во 2022 година набавил фалсификувана потврда, оправдувајќи го потегот со „страв и дилеми“ околу имунизацијата.
Казната е изречена условно со рок на проверка од 24 месеци. Тоа значи дека Џака ќе се спаси од плаќање на огромната сума (50 дневни глоби од по 3.000 франци), доколку во следните две години не направи ново кривично дело.
Откако ги плати судските трошоци за постапката, фудбалерот преку социјалните мрежи им се обрати на фановите: „Ја прифаќам одлуката и преземам одговорност. Ви благодарам за поддршката во овие неколку недели, тоа многу ми значи.“






Comments are closed.