Press "Enter" to skip to content

ПАДНА БРУТАЛЕН БАЛКАНСКИ КАРТЕЛ!

Голема меѓународна полициска акција поддржана од Европол зададе сериозен удар врз опасна нарко-мрежа со корени од Западен Балкан! Во масовна операција се уапсени речиси 50 лица, а групата се товари за шверц на дрога, брутални убиства, киднапирања и бомбашки напади низ цела Европа.

Според истрагата, оваа безмилосна банда сокривала огромни количини дрога во легални комерцијални пратки. Но, кога пратките ќе биле откриени или запленети од полицијата, следувала крвава одмазда. За да ги казнат оние кои ги сметале за одговорни за загубите, членовите на картелот не бирале средства – користеле огнено оружје, па дури и рачни гранати за напади врз ривалите и нивните семејства.

Кулминацијата на акцијата се случила на 6 октомври со симултани упади на 42 локации. Најголем дел од апсењата (34 лица) се реализирани во Словенија, а останатите во Шпанија и Хрватска. Зад решетки завршија државјани на Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Турција и Холандија.

Иако при претресите физички се запленети над 60 килограми канабис и амфетамин, оружје и готовина, тоа е само врвот на ледениот брег! Истрагата открива дека мрежата оперирала со неверојатни количини – осомничените ќе одговараат за шверц на околу 2,5 тони канабис, 474 килограми кокаин, над 100 килограми хероин и десетици илјади таблети екстази.

Повеќе во категорија СветПовеќе постови во категорија Свет »

Comments are closed.