Press "Enter" to skip to content

РЕКОРДЕН БРАН ЦЕНЗУРА: ВО САД ЗАБРАНЕТИ ДУРИ 12.000 КНИГИ

Бројот на забранети книги во американските училишта достигна рекордно ниво од 12.000 наслови, што е најголема цифра откако организацијата „ПЕН Америка“ почна да го следи овој тренд пред пет години. Според извештајот „Забранети во САД“, мерките опфаќаат над 7.000 поединечни дела, а најчеста мета се децата и авторите кои обработуваат теми за расата, сексуалноста и родовиот идентитет. Дополнително, загрижува и фактот што училиштата сè почесто користат вештачка интелигенција за филтрирање и отстранување на спорните наслови.

Најчести поддржувачи на оваа цензура се конзервативните активисти и локалните власти, особено во државите како Флорида и Тексас каде што беа донесени ригорозни закони. Втора година по ред меѓу авторите предничи Стивен Кинг, со забранети дела како „Сјаење“ и „Зелената милја“ во над 300 случаи. Меѓу изолираните наслови за првпат се најдоа и класици попут „Џејн Ер“ од Шарлот Бронте, мангата „Токио Гул“, како и познатите дела „Приказната на слугинката“ од Маргарет Атвуд, „Зборувај“ од Лори Халс Андерсон и „Кренк“ од Елен Хопкинс, додека најчесто поединечно забрануван е романот „Продадена“ од Патриша Мекормик.

Comments are closed.