Шпаркасе Банка и оваа година го реализира својот традиционален едукативен карван по повод Месецот на штедењето, кој ќе посети над 100 училишта и градинки низ земјава. Целта на кампањата е повеќе од 4.500 деца, преку интерактивни активности со вработените од банката, да научат за важноста на штедењето и правилното управување со парите.
