Press "Enter" to skip to content

ЕДУКАТИВЕН КАРВАН НА ШПАРКАСЕ БАНКА НИЗ УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ

Шпаркасе Банка и оваа година го реализира својот традиционален едукативен карван по повод Месецот на штедењето, кој ќе посети над 100 училишта и градинки низ земјава. Целта на кампањата е повеќе од 4.500 деца, преку интерактивни активности со вработените од банката, да научат за важноста на штедењето и правилното управување со парите.

Централен дел од оваа едукативна програма е проектот „Медената авантура со Биби и Боби“. Преку познатите детски ликови, придружувани од Медо Штедо и Медена, на најмладите преку песнички и приказни на забавен начин им се објаснува како со малку трпение можат да ги остварат своите желби.

Билјана Вранишкоска, раководителка на Одделот за мрежа на експозитури, истакнува дека финансиската едукација треба да започне уште од најрана возраст, а преку овој карван на децата им се покажува дека штедењето може да биде интересна игра и важна навика за иднината.

Како дел од заложбите за финансиска писменост, Шпаркасе Банка по повод Месецот на штедењето ја нуди и специјалната понуда – Детски депозит „Медо Штедо“. Ова е одлична можност за родителите да им помогнат на децата да ги направат првите чекори кон создавање здрави финансиски навики. Повеќе детали за понудата се достапни во експозитурите на банката.

Comments are closed.