Press "Enter" to skip to content

Posts tagged asЦигари

РЕКОРДНИ 54% ПУШАЧИ ВО ЗЕМЈАВА: ГРАЃАНИТЕ ГО ПОДДРЖУВААТ НОВИОТ ЗАКОН, ЕКСПЕРТИТЕ БАРААТ ПОМОШ ЗА ОДВИКНУВАЊЕ

Според најновото истражување на тинк-тенкот „Аналитика“, дури 54 отсто од населението во Северна Македонија се пушачи, што е двојно повеќе од просекот во Европската Унија. Најголем дел од секојдневните пушачи се на возраст од 50 до 64 години. Оваа навика сериозно ги оптоварува семејните финансии, па според професорот Борче Треновски, домаќинствата во кои се пуши трошат значително помалку на храна, облека и здравје. Кај најсиромашните граѓани, трошокот за цигари може да проголта дури 30 отсто од домашниот приход. Иако цената е фактор, истражувањето покажува дека таа не е доволен мотив за трајно откажување доколку државата не обезбеди програми за поддршка и советување.