Вештачката интелигенција повеќе не е само обичен дигитален калкулатор! Компанијата „OpenAI“ објави револуционерни резултати од својот нов експериментален систем, кој по анализата на над 4.000 проблеми, самостојно дошол до дури 377 сосема нови математички откритија.
Ова е историски пресврт во науката. Досега, математичарите ја користеа вештачката интелигенција само за да им помогне побрзо да пресметаат или да проверат веќе поставени задачи. Но, овој нов AI-систем оди чекор понатаму – тој сега функционира како вистински истражувач кој самостојно нуди нови хипотези, пристапи и резултати до кои луѓето можеби тешко би дошле сами.
Дали ова значи дека машините ќе ги заменат луѓето во математиката? Засега – не. Секој нов резултат мора да биде логички конзистентен и формално докажан од човек.
Сепак, границата помеѓу „машина што само решава“ и „машина што сама истражува“ дефинитивно се брише, отворајќи врата за иднина во која научниците ќе имаат моќен вештачки партнер во откривањето на тајните на математиката!






Comments are closed.