САД ќе се соочат со целосен економски колапс и банкрот доколку не ги искористат вештачката интелигенција и роботиката за драстично зголемување на продуктивноста, предупреди Илон Маск во гостувањето на подкастот „Дваркеш“. Според него, автоматизацијата е единствениот преостанат начин за решавање на огромниот американски јавен долг.
Предупредувањето доаѓа во момент кога американскиот јавен долг за првпат надмина 40 трилиони долари. Маск посебно укажа на опасноста од трошоците за камати, кои веќе го надминаа годишниот воен буџет од еден трилион долари. Со оглед на тоа што федералните и воените трошоци продолжуваат да растат, сопственикот на „Тесла“ и „Спејс-икс“ порачува дека без брза технолошка револуција, Вашингтон нема да може одржливо да ги финансира своите обврски.






Comments are closed.