
Apple ќе претстави нови производи во вторник, 13 октомври, потврди директорот за маркетинг на компанијата, Грег Џосвијак. Наместо голема класилна презентација, дел од медиумите се поканети во Њујорк за да ги испробаат новите уреди од 9 часот наутро, па официјалното претставување најверојатно ќе биде преку соопштенија за медиумите истиот ден.
Видеото што го сподели Џосвијак наговестува дека фокусот ќе биде на домот, а се очекуваат три уреди:
Home Hub: Станува збор за паметниот екран на Apple за кој со месеци се шпекулира, а чие објавување беше одложено додека се чекаше новата Siri со вештачка интелигенција. Има екран од 6 инчи и ќе доаѓа во две верзии, една за монтирање на ѕид и една со постолје што е воедно и звучник. Замислен е како семеен контролен центар за календари, управување со паметните уреди во домот, видеоповици и видеа со рецепти. Може да препознае кој стои пред него и на секој член од семејството да му прикаже персонализиран приказ. Цената се очекува да биде околу 350 долари.
HomePod mini: Добива нови бои, побрз процесор, новата Siri и чипот N1 на Apple за Wi-Fi 7, Bluetooth 6 и Thread.
Apple TV 4K: Добива чип од серијата A19, повеќе RAM-меморија и целосно искуство со новата Siri.






Comments are closed.