Press "Enter" to skip to content

СОВРЕМЕНИ ХРВАТСКИ ФИЛМСКИ ХИТОВИ ГОСТУВААТ ВО КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА

Од 22 до 27 септември, Кинотеката на РСМ во соработка со Хрватската амбасада ја организира манифестацијата „Денови на хрватскиот филм“. Настанот нуди програма од современи, повеќекратно наградувани хрватски остварувања, од кои голем дел се добитници на престижни фестивалски признанија (Кански фестивал, Пулски фестивал, Ротердам).

Сите проекции започнуваат во 20:00 часот. Манифестацијата започнува на 22 септември со отворање проследено со изложба на плакати и проекција на наградуваниот краток филм „Човекот кој не можеше да молчи“. Следниот ден на програмата е играниот филм „Седмо небо“ во режија на Јасна Нанут, додека на 24 септември публиката ќе може да го погледне филмот„Фрка“ режирано од Свебор Михаел Јелиќ. Филмската недела продолжува на 25 септември со прикажувањето на „Прослава“ на режисерот Бруно Анковиќ, по што на 26 септември следи култниот хит „Пејте нешто љубовно“ од Горан Куленовиќ. Настанот официјално се затвора на 27 септември со документарно играниот филм „Риека или смрт!“ во режија на Игор Безиновиќ.

Повеќе во категорија КултураПовеќе постови во категорија Култура »

Comments are closed.