Подгответе се за незаборавно музичко доживување во Скопје. На 31 октомври, познатиот македонски пејач, автор и продуцент Влатко Иљачев – Валдера ќе одржи голем солистички концерт во „Public Room“.
Ве очекува вистински музичко-сценски спектакл! Придружуван од бенд во живо и две извонредни придружни вокалистки, Валдера ќе ги изведе своите најголеми хитови, но и сосема нови музички изненадувања. Публиката може да се подготви за вечер исполнета со силни емоции, енергични поп-рок ритми, моќни вокали и специјална сценска кореографија.
А бидејќи е Ноќта на Halloween, маските се повеќе од добредојдени! Облечете го вашиот омилен костим и бидете дел од најдобрата музичка забава под маски во градот.
Влезниците за овој музички настан веќе се пуштени во продажба и може да се набават онлајн преку платформата zlatenzab.mk i tix.mk.






Comments are closed.