
Технолошкиот гигант „Мајкрософт“ започнува нова програма за доброволно напуштање на работа со финансиски надомест за околу 60.000 вработени во САД, Канада, Индија и Обединетото Кралство, што е повеќе од четвртина од нејзината глобална работна сила.
Според CNBC, оваа мерка, која ги опфаќа тимовите за вештачка интелигенција, Copilot, Windows, Xbox, финансии и човечки ресурси, има за цел оптимизација на трошоците и пренасочување средства кон масовните инвестиции во инфраструктура за вештачка интелигенција и cloud-услуги.
Бројката од 60.000 се однесува само на работниците со право на пријавување, а не на конечниот број заминувања. Деталите за висината на надоместокот сè уште не се објавени, додека секторите за маркетинг, комерцијални операции и безбедност се целосно исклучени од програмата.















Comments are closed.