Министерството за одбрана подготвува серија позитивни промени за вработените во Армијата и Министерството! Министерот Владо Мисајловски, на свеченоста по повод Денот на Командата за операции во Куманово, најави дека зголемувањето на платите треба да започне од 1 јануари 2027 година.
Најважната вест, сепак, се однесува на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години. Мисајловски откри дека системското решение за нивниот статус веќе поминало на владин колегиум и многу наскоро ќе се најде пред Владата.
Паралелно, се подготвува и нов колективен договор со синдикатите, кој ќе ги задржи сите досегашни права, но ќе понуди и подобри услови за работа.
За време на говорот, пред претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и воениот врв, министерот откри и еден шокантен податок – за време на неговиот мандат биле исплатени над 26 милиони евра само по основ на судски тужби од 2019 и 2020 година! И покрај тоа, набавките на новата воена опрема (возилата „Страјкер“ и хаубиците) се одвиваат тековно и плаќањата се реализираат редовно.
Овие чекори најавуваат значително подобрување на статусот и стандардот на припадниците на одбраната во претстојниот период.






Comments are closed.