Press "Enter" to skip to content

ФАСЦИНАНТНА СТАТИСТИКА: НАЈМЛАДИОТ МИЛИОНЕР ИМА 4, А НАЈСТАРИОТ 97 ГОДИНИ!

Четиригодишно дете е официјално најмладиот милионер во Македонија за 2025 година! Според најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП), ова дете остварило неверојатен приход од еден милион денари, и тоа исклучиво по основ на дивиденда.

Од другата страна на старосната граница, титулата највозрасен милионер ја понесе 97-годишник, кој своето богатство го пријавил од пензија и други дополнителни извори на приходи.

Овие фасцинантни бројки произлегуваат од анализата на УЈП за 2025 година, која покажува дека граѓаните поднеле над 860.000 даночни пријави. Ова претставува сериозен скок од 10,6 отсто во споредба со претходната година.

Очекувано, најголем број од пријавите доаѓаат од Скопје, а веднаш зад главниот град редоследно се редат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

Повеќе во категорија ЕкономијаПовеќе постови во категорија Економија »

Comments are closed.