Press "Enter" to skip to content

СВЕТСКО ПРИЗНАНИЕ, ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО И МАВРОВО НА ЛИСТАТА ТОП ДЕСТИНАЦИИ КОИ МОРА ДА СЕ ПОСЕТАТ!

Американскиот угледен портал „Кварц“ (Quartz) ги смести Охридското Езеро и Националниот парк Маврово меѓу најдобрите балкански дестинации кои нудат многу повеќе од класичните крајбрежни летувалишта.

Охридското Езеро, препознаено од УНЕСКО, е посочено како совршена дестинација за оние кои бараат помирно темпо, без метежот карактеристичен за познатите европски езера. Покрај вековната историја, Американците како посебна зимска атракција го истакнуваат Вевчанскиот карневал.

Од друга страна, Маврово се препорачува како идеална алпска алтернатива за бегство од летните горештини. Покрај потопената црква и планинските патеки, порталот ја издвојува Галичката свадба во јули како легендарен и автентичен културен настан кој не смее да се пропушти.

На престижната листа на „Кварц“, покрај македонските природни богатства, се најдоа и Сараево, Котор, Истра, Албанската ривиера, Приштина и островот Брач.

Comments are closed.