Press "Enter" to skip to content

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ВО УНГАРИЈА: БРЗИОТ ВОЗ БЕЛГРАД-БУДИМПЕШТА ПРЕД СТАРТ!

Тестирањето на брзата железница меѓу Белград и Будимпешта под максимално оптоварување успешно заврши на унгарската делница, со што е направен клучниот чекор пред воспоставувањето редовен патнички сообраќај во наредните недели, потврди унгарскиот министер за транспорт Давид Витези.

Симулацијата на возењето беше спроведена за време на викендот без патници, но во целосни реални услови за работа. По анализата на извештајот во наредните денови, се очекува официјално соопштение со точниот датум за старт. План е дневно да сообраќаат 16 брзи возови, кои низ Србија ќе развиваат до 200, а низ Унгарија до 160 километри на час. Со ова времетраењето на патувањето ќе се преполови – од досегашните пет до шест часа на околу три часа. Инфраструктурата од српска страна веќе е целосно завршена, каде што линијата Белград-Нови Сад функционира две години, а делницата до Суботица беше пуштена минатата година.

Comments are closed.