Press "Enter" to skip to content

АЛЕКСАНДРА ЈАНЕВА УЖИВА ВО МАЈЧИНСТВОТО: СЛАТКИ МОМЕНТИ СО ЌЕРКИЧКАТА ТИНА

Пејачката Александра Јанева максимално ужива во првите месеци од мајчинството со нејзината ќеркичка Тина, која дојде на свет на 28 мај. Преку социјалните мрежи, таа повремено споделува топли семејни моменти, вклучувајќи ги секојдневните прошетки и неодамнешниот прв заеднички одмор каде малото девојче за првпат го допрело морето.

За Јанева и нејзиниот сопруг Иван Ангелов, ова е нова и возбудлива животна етапа за која со нетрпение се подготвуваа. Откако помина низ лесна и убава бременост, пејачката по повеќе од десет години активна кариера одлучи да направи привремена музичка пауза, со цел целосно да ѝ се посвети на најважната улога во животот.

Својата огромна радост по раѓањето на Тина, Александра ја круниса со емотивни фотографии од бебето, порачувајќи кратко, но силно: „Ти си доказ дека љубов постои“.

Повеќе во категорија ШоубизнисПовеќе постови во категорија Шоубизнис »

Comments are closed.