Во неодамнешното интервју за „Л’Офисиел“, Анџелина Џоли сподели дека нејзиниот главен родителски принцип за нејзините шест деца бил да им даде поддршка, но да не им стои на патот при градењето на сопствениот идентитет и животен пат.
Сега, кога сите нејзини деца се полнолетни, таа планира да се посвети на себеси и на своите интереси. Џоли најави дека сака да води пономадски живот надвор од САД, да патува, да се врати на хобијата како пилотирање и возење мотор, и повеќе да се ангажира во теренската работа за нејзината фондација во Камбоџа. И покрај желбата за патувања, таа планира да задржи еден заеднички семеен дом за спомените. Нејзините деца целосно ја поддржуваат во оваа нова животна етапа.
Во меѓувреме, нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит, во неодамнешно интервју за „Есквајр“ призна дека закрепнува од тежок емотивен период поврзан со семејството, учејќи да ги прифати работите кои не се под негова контрола.












Comments are closed.