
Министерот за животна средина, Муамет Хоџа, најави пет нови дигитални платформи достапни за граѓаните, чија цел е зголемување на транспарентноста, сузбивање на бирократската неефикасност и борба против еколошкиот криминал.
Првата платформа, „Темели“, ќе нуди јавен увид во вредноста, локациите и реализацијата на проектите на Министерството. Модулот „Јадро“ ја дигитализира архивата за транспарентно електронско следење на предметите и управување со геопросторните податоци за заштитените подрачја. Преку платформата „Време“ значително ќе се поедностават административните процедури за граѓаните со постепено кратење на околу 30 чекори.
Модулот „Земја“ предвидува дигитално мапирање и пилот видео-надзор на дивите депонии за нивно полесно расчистување, со буџетска реализација планирана за 2027 година. Петтата платформа, „Воздух“, претставува дигитален регистар во кој 140 капацитети со А-интегрирани еколошки дозволи ќе ги објавуваат своите емисии, согласно законот кој стапува во сила во септември 2027 година.
Овие платформи во следниот период ќе бидат поединечно и детално презентирани пред јавноста, а според министерот, тие претставуваат суштински зелен пресврт, а не само формална промена.
















Comments are closed.