Премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите детали од истрагата за околностите под кои таа ја напуштила земјава ќе бидат презентирани директно пред сојузниците во НАТО. Според премиерот, овој потег на Бугарија може сериозно да ѝ нанесе дипломатска штета на официјална Софија. Тој е дециден дека државата нема да отстапи од напорите овој случај да добие правна разрешница и сите одговорни да бидат изведени пред лицето на правдата.
Но, на домашната политичка сцена вријат жестоки обвинувања! Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, директно ги посочи министрите Тимчо Муцунски и Панче Тошковски, како и самиот премиер, дека токму тие го договориле бегството.
Во меѓувреме, Михаилова останува хоспитализирана на Одделението за неврохирургија во болницата „Пирогов“ во Софија, каде ќе се задржи најмалку уште една недела. Нејзиниот адвокат, Николај Димитров, за бугарските медиуми изјави дека таа не е бегалец, не се крие и дека нема апсолутно никаква основа за нејзино апсење, бидејќи и македонското МВР знае каде се наоѓа. Да потсетиме, Михајлова е предмет на кривичен прогон во Македонија поради тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани–Штип, во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши.











Comments are closed.