Секторот за внатрешна контрола при МВР откри неверојатен случај на измама во сопствените редови! Поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник А.А., кој лажирал дека е крводарител само за да добие слободни денови.Според официјалните информации, полицаецот, кој бил вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти, во два наврати (март и јули годинава) доставил лажни потврди од Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Со помош на овие фалсификувани документи, тој незаконски искористил вкупно шест работни дена платено отсуство, иако воопшто не дарувал крв.
Случајот сега е во рацете на Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, а покрај кривичната пријава за „фалсификување исправа“, против него ќе биде покрената и строга дисциплинска постапка за кршење на работниот ред.






Comments are closed.