Дали сте креативни и имате идеја за добро видео? Народната банка по повод својот 80-ти јубилеј организира отворен конкурс и нуди одлична награда од 60.000 денари (со покриен данок) за најдобриот видеоматеријал на тема: „Што значи за мене Народната банка?“.
Форматот е по ваш избор – можете да снимите анимација, скеч, интервју, мини-документарец или кратка вирална содржина идеална за социјалните мрежи. Темата може да опфаќа сѐ што е поврзано со работата на банката: од стабилноста на денарот и безбедноста на банкарскиот систем, па сѐ до девизните резерви и плаќањата.
Кои се условите?
- Право на учество имаат сите полнолетни државјани (освен вработените во НБРМ и нивните семејства).
- Видеото не смее да биде подолго од 3 минути и мора да биде ваше, оригинално авторско дело.
- Еден автор може да достави најмногу до 5 видеа, на македонски или албански јазик (пожелно е да има и титл).
Како да се пријавите? Не треба да испраќате маилови! Доволно е видеото да го објавите јавно на вашиот личен Facebook или Instagram профил, задолжително да го ставите хаштагот #МојатаНБ и да го тагнете официјалниот профил на банката (@narodnatabanka на Facebook или @narodnabanka.mkd на Instagram).
Побрзајте, рокот за објавување истекува на 31 октомври 2026 година!






Comments are closed.