
Тендерот на Министерството за здравство за набавка на 90.000 вакцини против сезонски грип заврши без ниту една понуда. Огласот беше објавен на 10 август, но ниту една фирма не се пријави.
Ова е отстапување од праксата во изминатите години. Според податоците од Бирото за јавни набавки, во периодот од 2023 до 2025 година тендерот за бесплатна вакцинација против грип секогаш бил завршен до крајот на август или најдоцна до средината на септември.

Во исто време, државите од регионот веќе се подготвени за сезоната. Во Албанија вчера, на 5 октомври, стигнаа 280.000 дози вакцини против грип. Не е познато дали се набавени преку тендер или се добиени како донација, но бројката целосно се совпаѓа со плановите на албанското Министерство за здравство. Во неговиот буџет за оваа година јасно е предвидено обезбедување сезонски вакцини за 280.000 лица, со финансирање од 159 милиони леки.
Хрватска, пак, обезбедила 420.000 дози од тривалентната инактивирана вакцина, според Хрватскиот институт за јавно здравје. Грција ја започна вакцинацијата на ризичните групи уште на 1 октомври. Во Бугарија вчера почна вакцинацијата на децата, со назална вакцина.











Comments are closed.