Press "Enter" to skip to content

90 ГОДИНИ „АЛКАЛОИД“: СО НОВ ВИДЕОЗАПИС СЕ СЛАВИ МАКЕДОНСКИОТ ТАЛЕНТ

Математичарот Македон Димитровски, дизајнерот Сатја Грабул и научникот д-р Ѓорѓи Петрушевски се главните протагонисти во новиот јубилеен видеоспот на „Алкалоид“. Преку современ визуелен пристап, видеото во режија на Марко Ѓоковиќ и продукција на „Вертиго“ ги поврзува нивните лични успеси во заедничка приказна посветена на македонскиот интелектуален и креативен потенцијал под пораката „Она што вреди останува“.

Дванаесетгодишниот Македон Димитровски зад себе веќе има бројни меѓународни успеси, меѓу кои два златни медали на Математичката олимпијада во Франкфурт и висок резултат на американскиот SAT-тест. Сатја Грабул е познат уметник и дизајнер чие студио „Swithadot“ соработува со светски имиња од спортот и шоу-бизнисот, а во 2023 година беше вброен меѓу 50-те највлијателни лица на Балканот според „Bloomberg Adria“. Научниот сегмент го претставува д-р Ѓорѓи Петрушевски, доктор по хемија со над 17 години искуство во фармацевтската индустрија, автор на научни трудови и експерт за хемија на цврста состојба и полиморфизам.

Повеќе во категорија ЖивотПовеќе постови во категорија Живот »

Comments are closed.