Пејачката Александра Јанева максимално ужива во првите месеци од мајчинството со нејзината ќеркичка Тина, која дојде на свет на 28 мај. Преку социјалните мрежи, таа повремено споделува топли семејни моменти, вклучувајќи ги секојдневните прошетки и неодамнешниот прв заеднички одмор каде малото девојче за првпат го допрело морето.
