Во момент кога светот стравува од моќта на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз работните места, технолошките гиганти повлекуваат неочекувани потези! Илон Маск штотуку најави дека следната година ќе подари по една акција од својата вселенска компанија SpaceX на секое дете во САД.
„Ова ќе биде првата од многуте. Препорачувам акциите да им се поделат директно на граѓаните. Јас лично ќе го направам токму тоа,“ напиша милијардерот.
Овој потег доаѓа како реакција на одлуката на Anthropic (комапнијата зад AI моделот Claude) да издвои 5% од своите акции за нов „Фонд за јавно добро“. Компанијата, чии приходи само во септемвриското тримесечје пораснаа за 45% (на 16,8 милијарди долари), се подготвува за излегување на берза со вредност која може да надмине еден трилион долари.
Но, зад овие грандиозни бројки се крие растечки страв. Експерти од самата индустрија, вклучително и поранешен истражувач од Anthropic, Џејкоб Коксон, неодамна шокираа со предупредувањето дека доколку не се забави темпото на развој на AI, постои голема веројатност за фатални последици по човештвото во блиска иднина.
Стравот е реален и на пазарот на трудот – ММФ веќе предупреди дека вештачката интелигенција ќе погоди дури 60% од работните места во развиените економии. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп одбива строга законска регулатива, потпирајќи се на „морално обврзувачки“ договори со AI компаниите и формирање на нова работна група за вештачка интелигенција.









Comments are closed.