Press "Enter" to skip to content

ШОК ВО РОМАНИЈА: ДЕТЕ ИЗБОДЕ НАСТАВНИК И СОУЧЕНИК, НО ЗАКОНОТ ГО ШТИТИ ПОРАДИ ГОДИНИТЕ!

Ужас и паника во основно училиште во романскиот град Бистрица! Тринаесетгодишен ученик од седмо одделение со нож нападнал и повредил наставник и свој соученик.

Крвавиот инцидент, кој се случил околу 8:40 часот наутро, ја шокираше Европа, особено поради морничавите детали кои излегоа во јавноста. Според информациите, момчето го најавило нападот преку заканувачки пораки на „ТикТок“. Во медиумите дури кружи и фотографија направена непосредно пред инцидентот, на која ученикот држи нож и носи шлем опремен со камера!

Иако против него е отворена истрага за обид за тешко убиство, поради неговата возраст (13 години), романските закони го штитат и тој нема да биде изведен пред суд.

Романскиот министер за образование, Михаи Димијан, побара итна и темелна проверка на електронските уреди на ученикот за да се потврди автентичноста на објавите. Овој инцидент е само уште еден во низата насилни напади низ европските училишта, повторно отворајќи го алармантното прашање за влијанието на социјалните мрежи врз детското насилство.

Повеќе во категорија СветПовеќе постови во категорија Свет »

Comments are closed.