
Електронската лична карта и возачката дозвола од новата мобилна апликација „м.Услуги“ сè уште не можат да ги заменат физичките документи при полициска контрола. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, појасни дека МВР допрва треба да ги приспособи своите системи за проверка на дигиталните паричници, а паралелно се неопходни и измени во подзаконските акти.
До завршување на овие процеси, граѓаните се должни да ги носат физичките документи со себе. Бесплатната апликација моментално нуди увид во овие документи и обрасците М1, М2 и М4, а во иднина ќе се надградува со систем за мобилни плаќања со цел да се дигитализира и олесни целосната комуникација на граѓаните со институциите.





Comments are closed.