Со првиот академски час на универзитетите низ земјава, денеска официјално започнува новата академска 2026/2027 година. На дваесетина универзитети во Македонија, додипломски студии посетуваат околу 53.500 студенти, од кои речиси 13.800 се нови бруцоши.
Централната свеченост на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ започнува во 10 часот со обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Истовремено, академската година стартува и на останатите државни универзитети во Битола, Тетово, Охрид и Штип, при што на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ е најавено присуството на премиерот Христијан Мицкоски.
УКИМ ја започнува годината под водство на старо-новата ректорка Биљана Ангелова, која го почнува својот нов тригодишен мандат. Оваа година на 23-те факултети при скопскиот универзитет се запишани 8.851 нов бруцош. Вкупниот број на студенти на УКИМ во моментов надминува 26.000, од кои повеќе од 23.400 се на додипломски студии. Универзитетот нуди богата образовна понуда која опфаќа 242 студиски програми на прв, 313 на втор и 99 на трет циклус на студии.



Comments are closed.