Press "Enter" to skip to content

Граѓаните маршираа за правата на жените: „Не чекајте крв, постапете веднаш“

Голем број граѓани денеска маршираа низ улиците на Скопје на традиционалниот осмомартовски марш под мотото „Нема да нѐ нема“, испраќајќи силни пораки за заштита на правата и безбедноста на жените.

Учесниците носеа транспаренти со пораки „Нема слобода без слободни жени“, „Многу мајки трпат сѐ бидејќи немаат каде“, „Не чекајте крв, постапете веднаш“, како и „Барате деца – убивате родилки“, со кои предупредија на институционалните пропусти и недостатокот од системска заштита.

Со пораките од маршот, учесниците истакнаа дека избегнувањето одговорност и институционалното потфрлање жените го плаќаат со своето здравје, живот и достоинствено постоење.

Маршот беше посветен на сите жени кои секојдневно се борат за своите права, но и на оние кои во изминатата година не дочекаа правда. Почит беше оддадена и на жените кои требало да бидат спасени, како и на сите кои не можат или не им е дозволено да излезат на марш.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во последните две недели се поднесени 21 кривична пријава за 25 кривични дела поврзани со семејно насилство.

На подрачјето на СВР Скопје се поднесени и пет кривични пријави за родово базирано насилство, при што се изречени пет мерки притвор и една мерка претпазливост.

Повеќе во категорија ЖивотПовеќе постови во категорија Живот »

Comments are closed.