


4
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Б. (36) од Струмица, поранешна вработена во мобилен оператор, поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Според информациите од полицијата, во периодот од март до септември 2024 година, осомничената, ангажирана како бизнис агент, присвоила осум мобилни уреди со вкупна вредност од околу 600.000 денари.
Како што се наведува, таа на менаџер од Гевгелија му прикажувала дека ќе склучи договори со пет правни лица од Гевгелија и Дојран, на кои наводно ќе им бидат доделени субвенционирани телефони во рамки на нови активации и обнови на договори.
Недостигот бил утврден при редовните месечни пописи во продажниот салон, кога било констатирано дека фали стока. Со тоа, според пријавата, на компанијата ѝ била причинета значителна имотна штета.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.
Comments are closed.