Press "Enter" to skip to content

Хип-хоп дуото 2Бона го претстави својот нов сингл „Легенди“

Хип-хоп дуото 2Бона го претстави својот нов сингл „Легенди“ преку впечатлив видеоспот, потврдувајќи го својот препознатлив аудио-визуелен стил. Музиката и текстот се авторско дело на самото дуо, додека за битот и аранжманот беа задолжени Лазар Цветковски-LCV и Марио Јелиќ-Кун.

За одличниот визуелен изглед, режијата и ефектите се погрижи steadyflow, во копродукција со Gorilla TV. Динамичната и модерна сценографија е дело на Марко Момировски и Давид Глигоровски.

Со „Легенди“, 2Бона продолжуваат успешно да ја привлекуваат публиката. Видеото е веќе објавено и достапно за гледање во продолжение, додека издавањето на стриминг платформите се очекува наскоро.

Повеќе во категорија КултураПовеќе постови во категорија Култура »
Повеќе во категорија ШоубизнисПовеќе постови во категорија Шоубизнис »

Comments are closed.