Бегството на Ива Михајлова во Бугарија, и покрај строгата судска забрана за напуштање на Македонија, се заканува да предизвика нов, сериозен дипломатски раздор меѓу Скопје и Софија. Додека македонските власти се подготвуваат случајот да го пријават во Европската Унија и Советот на Европа, поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, посочува дека вината првенствено лежи во домашните институции.
