Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акции против недозволената трговија со дрога. Во координирана акција на полицискиот Работен тим (Task Force), спроведена низ целата држава, беа извршени претреси, контроли и приведувања, при што се запленети наркотични материи и огнено оружје.
Во текот на викендот, полициските службеници реализирале 13 претреси, а биле извршени проверки на 197 возила и 295 лица на повеќе локации низ земјата.

Приведени 13 лица и запленети 79 пакувања дрога
Како резултат на акцијата, 13 лица биле лишени од слобода, додека полицијата пронашла и одзела 79 пакувања со наркотични материи.
При претресите бил пронајден и пиштол „Глок 17“ со муниција, кој исто така е одземен.
МВР најавува продолжување на акциите
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ваквите координирани активности ќе продолжат и во наредниот период.
Целта на акциите е откривање на сторители на кривични дела, разбивање на криминални мрежи и спречување на нелегалната трговија со дрога и оружје.





Comments are closed.