Press "Enter" to skip to content

„Добивам, па губам, паѓам, па станувам“: Александра Шијакоска со моќна животна порака по традиционалната летна фотосесија

Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска повторно ги воодушеви своите следбеници со традиционалната фотосесија во полињата со сено – обичај што го негува веќе осум години по ред.

Но, овојпат, покрај впечатливите фотографии, најголемо внимание привлече нејзината искрена порака за животот, загубите, благодарноста и малите моменти кои, како што вели, се најголемото богатство.

„Ништо не одеше по планот, а животот не престана да тече“

Во емотивната објава, Александра признава дека изминатите години донеле многу промени, подеми и падови.

„Кога ќе се навратам наназад, сфаќам колку многу работи се сменија во последните неколку лета. Колку многу животи изживеавме во само неколку години.

Цело време добивам, па губам, паѓам, па станувам. Ништо не одеше баш по планот, а животот не престана да тече“, напиша таа.

Среќата, според неа, се крие во наједноставните моменти

Шијакоска вели дека токму животните искуства ја научиле да ја препознае вистинската вредност на секојдневните мигови.

„Научив дека среќата најчесто живее во оние работи што ги нарекуваме мали. Во едно зајдисонце. Во трчањето низ полето. Во детската смеа. Во прегратката на оние што ги сакаме. Во можноста да сонуваме за уште едно утре.“

Таа додава дека тие моменти всушност и не се толку мали.

„Колку луѓе би дале сè само за уште еден ден, уште едно лето или уште едно зајдисонце?“

„Фала на Господ за сè што ми даде и за сè што ми одзеде“

На крајот од својата објава, инфлуенсерката испрати силна порака за благодарност.

„Денес немам ниту една друга желба освен да кажам фала на Господ. За сè што ми даде и за сè што ми одзеде. За сè што разбирав и за сè што не успеав да разберам.“

Најголемата благодарност, како што вели, е што уште едно лето го поминува здрава, жива и опкружена со луѓето што најмногу ги сака.

„Најмногу од сè, ти благодарам за уште едно лето – здрави, живи и заедно со оние што ги сакаме.“

Повеќе во категорија ШоубизнисПовеќе постови во категорија Шоубизнис »

Comments are closed.