Press "Enter" to skip to content

Во Македонија потврдени 43 случаи на западнонилска треска

Во Македонија се регистрирани 43 потврдени случаи на западнонилска треска, а неколку пациенти се во критична здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство.

Според официјалните информации, дел од заболените се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, каде што добиваат соодветен медицински третман.

Вонредна дезинсекција против комарци

Поради актуелната епидемиолошка состојба и проценетиот ризик од понатамошно ширење на вирусот, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје да спроведе дополнителна терестичка (земјена) адултицидна дезинсекција против комарци.

Вонредниот третман е реализиран во текот на ноќта и претставува превентивна мерка со цел да се намали ризикот од пренесување на вирусот на западнонилската треска.

Здравствените власти ја следат состојбата

Од Министерството информираат дека остануваат во постојана координација со Институтот за јавно здравје, центрите за јавно здравје и здравствените установи низ државата.

Надлежните најавуваат дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови случаи, како и за мерките што ќе се преземаат за спречување на понатамошното ширење на инфекцијата.

Повеќе во категорија ЖивотПовеќе постови во категорија Живот »

Comments are closed.