Во пресрет на викендот кога повторно ги враќаме стрелките еден час наназад, нова научна анализа објавена во „Canadian Medical Association Journal“ открива нешто изненадувачки: постојаното зимско време е многу поздраво за човечкиот организам отколку летното!
Истражувачите од Универзитетот на Британска Колумбија предупредуваат дека утринската светлина е клучна за нашиот биолошки часовник и за усогласување со природниот ритам. Од друга страна, летното сметање (повеќе светлина навечер) го одложува заспивањето, го скратува сонот и води кон послаба продуктивност на работа и во училиште.
Доколку трајно би го задржале летното време, во зима би оделе на работа и на училиште во целосна темница, што значително би ја загрозило и безбедноста во сообраќајот. Токму затоа земји како САД (во 1974), Русија (од 2011 до 2014) и Чиле се обиделе трајно да го воведат летното време, но набрзо се откажале и се вратиле на стандардното зимско време.
И додека Европската Унија сè уште не може да се договори кое време да го избере како трајно, ние овој викенд ќе спиеме еден час подолго! Во ноќта меѓу сабота и недела (25 октомври), во 3 часот по полноќ, часовниците се враќаат на 2 часот.






Comments are closed.