Press "Enter" to skip to content

ДОДЕКА ДРЖАВАТА ЗБОРУВА ЗА БЕГСТВОТО НА ИВА МИХАИЛОВА, ЕДНО СЕМЕЈСТВО СЕ РАСПАЃА ОД БОЛКА ПО ИЗГУБЕНИОТ СИН!

Додека целата јавност и институциите се преокупирани со скандалозното бегство на Ива Михаилова и политичките препукувања, во сенка остана вистинската трагедија, згаснатиот живот на 33-годишниот Бесим Дурмиши од Љуботен и неизмерната болка на неговото семејство.

Близок пријател на семејството преку емотивно сведоштво открива низ каков пекол поминуваат неговите најблиски, згрозени од фактот што нивната болка е ставена во втор план, а од другата страна нема ниту грам човечност или сочувство.Бесим бил познат како исклучително вредно и мирно момче, голем мајстор кој им помагал на сите во Љуботен. Бил во брак пет години и планирал проширување на семејството откако ќе го реши станбеното прашање. Изградил нова куќа во Љуботен за да биде блиску до родителите. Му останувала само уште една недела работа пред да земе одмор за да ја доврши, но никогаш не го дочекал денот да се всели во неа.

Денес, речиси една година по кобниот октомвриски ден, животот за семејството Дурмиши е запрен. Автомобилот и комбето на Бесим сѐ уште стојат во дворот.Додека братот на Бесим го носи најтешкиот товар, обидувајќи се да ги заштити скршените родители од медиумскиот циркус и судските неправди, јавноста не смее да заборави: зад секој политички спектакл, стои реално семејство кое засекогаш изгубило нечиј син, брат и сопруг.

Comments are closed.