Press "Enter" to skip to content

СТУДЕНТСКИОТ РЕВОЛТ ВО ТИРАНА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА!

Вистински хаос владее по улиците на Тирана откако студентските протести ескалираа во насилни судири со полицијата! На вториот ден од демонстрациите, избувна пожар во зградата на Министерството за образование, а полицијата беше принудена да употреби солзавец и водени топови за да ја растера разбеснетата толпа.Синоќа, илјадници демонстранти со покриени лица се собраа пред Министерството, фрлајќи тули, кршејќи заштитни огради и превртувајќи канти за отпадоци. Според очевидци, во насилните немири била запалена и банка во непосредна близина на зградата.

Билансот од судирите е сериозен, полицијата приведе околу 40 лица, а најмалку 13 се повредени, меѓу кои и шестмина полицајци. И покрај апсењата, немирите продолжија.

Иако протестите започнаа мирно со барања за подобри услови за студирање, помали трошоци и финансиска поддршка, тие брзо прераснаа во отворен бунт. Според многумина, ова е најсериозната ескалација на антикорупциското движење кое тлее во Албанија од мај, насочено директно против владата на Еди Рама, но и против опозицијата на Сали Бериша.

Повеќе во категорија СветПовеќе постови во категорија Свет »
Повеќе во категорија Црна ХроникаПовеќе постови во категорија Црна Хроника »

Comments are closed.