
Такси возач од Гевгелија бил жртва на разбојништво во Скопје, откако двајца патници физички го нападнале и му ги одзеле парите и личните документи. Нападот се случил во раните утрински часови, по завршување на возењето до населбата Шуто Оризари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен утринава околу 05:00 часот.
Педесет и шестгодишниот такси возач од Гевгелија изјавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале превоз до населбата Шуто Оризари, уверувајќи го дека услугата ќе ја платат по пристигнувањето.
По доаѓањето на договорената локација, наместо да го платат превозот, двајцата патници физички го нападнале таксистот. Потоа му го одзеле паричникот во кој имало пари и лични документи, по што побегнале од местото на настанот.
Од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки за идентификување и пронаоѓање на сторителите, како и за целосно расчистување на случајот.




Comments are closed.